Неверојатен натпревар ни донесе првиот полуфинален меч на Европското првенство за фудбалери до 19 години.
Во меч со единаесет гола Шпанија по продолженија славеше над Германија со 6-5. По регуларните 90 минути двете селекции ни приредија спектакл откако беше 3-3.
Спектакл беше и во продолженијата во кои Шпанија повторно успеа да постигне три гола, а Германците дадоа само два што значеше на крајот конечен триумф на „црвената-фурија“ од 6-5.
Во финалето Шпанија ќе се сретне со подобриот од второто полуфинале меѓу Холандија и Романија.
Spain U19 [6]-5 Germany U19 – Pablo Garcia 119'
byu/MeladroitTM insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

