Кристијано Роналдо, соиграчот на Диого Жота од репрезентацијата на Португалија, испрати срцепарателна порака по повод смртта на Жота, кој загина заедно со неговиот брат во трагична сообраќајна несреќа во Шпанија.
„Нема никаква смисла. Токму сега бевме заедно во националниот тим, токму сега ти влезе во брак. На твоето семејство, на твојата сопруга и деца, им испраќам сочувство и им посакувам сета сила на светот. Знам дека секогаш ќе бидеш со нив. Почивајте во мир Диого и Андре. На сите ќе ни недостигате“, напиша Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

