Шпанската полиција денеска околу пладне се јави со првото соопштение во врска со страшната сообраќајна несреќа во која животот го загуби фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота.
Според полицискиот извештај, Жота и неговиот брат Андре Силва починале во пожарот во нивниот автомобил марка Ламборџини, поради дупната гума за време на брзо возење.
„Информациите кои ги имаме досега говорат дека автомоболит Ламборџини вил вклучен во сообраајна несреќа и излетал од патот поради дупната гума, и тоа во момент на претркување. Несреќата се случила во 00.30 часот во провинцијата Замора, општина Чернадилја. Автомобилот потоа се запалил и двете лица кои биле во него починале“ се вели во соопштението на шпанската Цивилна гарда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

