Инзаги му покажа црвен картон на најдобриот стрелец на Ал Хилал

Симоне Инзаги веднаш ги собра симпатиите на челниците на Ал Хилал со одличните настапи на клупскиот мундијал, по што италијанскиот стратег доби целосна слобода при носење на клучните одлуки околу тимот за наредната сезона.

А првата клучна одлука на екс-тренерот на Интер ќе биде од тимот да го отстрани најдобриот стрелец на Ал Хилал во последните две години, Александар Митровиќ. Србинот беше клучен играч во тимот од Саудиска Арабија во претходните две сезони, но Инзаги е цврсто решен за поинаков концепт и веќе испратил јасна порака до Митровиќ летово да си најде нов клуб.

Бразилецот Леонардо се снаоѓа одлично како прв напаѓач на Ал Хилал на клупскиот мундијал, а на Инзаги му е ветено и врвно голгетерско име од европскиот фудбал, па јасно е зошто Италијанецот настојува што поскоро да се ослободи од Митровиќ и да отвори место плус за уште еден странец во тимот.

Митровиќ има одличен скор од 68 гола и 15 асистенции во дресот на Ал Хилал, но тоа нема да биде доволно за Србинот да остане во Саудиска Арабија и за наредната сезона. Тој веќе има на маса неколку понуди од Турција, но и клубови од Премиер-лигата се интересираат да го вратат српскиот голгетер на „островот“, па интересна ќе биде неговата конечна одлука околу следната дестинација во кариерата.

Се вчитува...