Траорна е атмосферата во светот на фудбалот денеска откако беше обелоденета шокантната вест – дека Диого Жота го загубил животот во сообраќајна несреќа.
Поради со сочувство пристигаат од сите страни, а шпанските медиуми попладнево објавија и видео од местото на страшната несреќа. Очигледна е демолираната заштитна ограда крај патот, по што автомобилот на Жота завршил на тревната површина, но при излетувањето се запалил и фудбалерот на Ливерпул заедно со неговиот брат починале на лице место.
Несреќата се случила после полноќ, телата биле целосно изгорени, а идентитетот на Жота и неговиот брат бил објавен по извршената обдукција, откако претходно преку регистрациската табличка било утврдено дека автомобилот Ламборџини е сопственост на португалскиот фудбалски репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

