Клоп тагува по Жота: Срцето ми е скршено… мора да постои „поголема причина“, но јас не ја гледам…

Јирген Клоп е стратегот што го доведе Диого Жота во Ливерпул, тренерот кој со португалскиот голгетер мина бројни моменти за паметење во англискиот гигант, а легендарниот Германецот не го криеше шокот по трагичната смрт на својот поранешен фудбалер.

„Ова е момент во кој навистина се мачам…. Мора да постои „поголема причина“, но не можам да ја видам!

Срцето ми е скршено откако слушнав за смртта на Диого и на неговиот брат Андре. Диого не само што беше фантастичен фудбалер, туку исто така и голем пријател, сопруг и татко преполн со љубов. На сите многу ќе ни недостигаш! Сите мои молитви сега се кон Руте, децата и семејството… пријателите и сите кои ги познаваа и ги сакаа. Почивајте во мир“, напиша Јирген Клоп на својот профил на инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jürgen Klopp (@kloppo)

Се вчитува...