Фудбалот одново завиен во црно: Почина легендарниот голман на Нигерија

Поранешниот голман на Нигерија и капитен на селекцијата Петер Руфаи, почина на 61-годишна возраст во болница во Лагос по долго боледување. Извештаите велат дека неколку недели се борел со тешка болест, пред да почине во 6 часот наутро.

Смртта на Руфаи ја потврдија и неговите поранешни соиграчи, како и претседателот на Нигерсиката фудбалска федерација.

„Ова е огромна загуба за нигерискиот фудбал. Го видов пред една една недела, беше многу слаб. Ми рече дека е добро“, изјави Ибрахим Гусау.

Петер Руфаи беше дел од Нигерија на Светските првенства во 1994 и 1998 година, каде беше прв избор за голман на репрезентацијата. Тој исто така беше дел од репрезентацијата кја го освои Африканскиот куп на Нации во Тунис во 1994 година.

Се вчитува...