Репрезентативецот на Ливерпул и Португалија, Диого Жота, загина вчера заедно со неговиот помлад брат Андре Силва, играч на Пенафиел, во сообраќајна несреќа на автопатот А-52 во шпанската покраина Замора. Местото на несреќата претходно беше опишано како „едно од најлошите во Шпанија“, познато по бројните несреќи и големиот број сообраќајни прекршоци.
Жота штотуку се венчал две недели претходно и се враќал во Англија за почетокот на подготовките за новата сезона на Ливерпул.
Според „Метро“, Жота и неговиот брат – кој играше во втората лига на Португалија – не им било дозволено да летаат поради медицинска забрана по операцијата на белите дробови на Жота, па затоа решиле да се возат до Сантандер и таму да се качат на траектот. Последните моменти на фудбалерот ги опишал неговиот физиотерапевт Мигел Гонсалвес во интервју за португалскиот весник „Рекорд“.
Респираторниот физиотерапевт имал средба со Жота само пет часа пред несреќата. Жота имал проблеми со белите дробови со месеци, и само ја одложувал операцијата.
Гонсалвес рече дека последен пат го видел Жота околу 20:30 часот. Му рекле дека ќе возат ноќе за да ги избегнат високите температури, отфрлајќи ги гласините дека оделе во ноќен живот, и дека Жота бил посветен на целосно закрепнување.
„Тој беше вистински професионалец“, рече Гонсалвес.
„Ми кажа дека ќе патуваат осум часа со автомобил, но дека планираат да застанат во Бургос за да се одморат. Диого беше многу свесен колку му значи професионализмот. Требаше да стигнат до Сантандер, да се качат на брод за Англија“, рече физиотерапевтот.
„Во понеделник имаше лекарски преглед во Ливерпул. Почнав да работам со него минатата сабота и бев со него секој ден до оваа среда. Се збогував со нив на вечера“, рече Гонсалвес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

