Хендерсон во солзи пред „Енфилд“ се прости од Жота

Поранешниот капитен на премиерлигашот Ливерпул, Џордан Хендерсон денеска дојде пред „Енфилд“ како би му оддал почит на Диого Жота.

Светот на фудбалот синоќа беше потресен од веста за смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре, кои починаа по страшна сообраќајна несреќа во областа Замора во Шпанија.

Фудбалерите кои имаа прилика да делат соблекувална или да се сретнат на терените со Португалецот испратија емотивни пораки на социјалните мрежи, а Хендерсон пред „Енфилд“ не можеше да ги сопре солзите.

Англичанецот остави цвеќе и шал.

Се вчитува...