Ал Хилал на колена: Херкулес го одведе Флуминенсе во полуфиналето

Флуминенсе е првиот полуфиналист на клупскиот мундијал откако по голема борба славеше над Ал Хилал со 2-1. Неколку дена по големата победа над европскиот вицепрвак Интер, бразилскиот тим одигра уште еден одличен меч во кој заслужено стигна до победата.

Мартинели постигна еврогол за водство од 1-0 во првото полувреме, по што Ал Хилал ја презеде контролата и на самиот старт од вториот дел успеа да стигне до израмнување од 1-1 преку Маркос Леонардо, на асистенција на Кулибали.

Флуминенсе сепак собра сили за втор гол, овојпат стрелец беше Херкулес, кој со мајсторски удар го совлада Бону и го трасираше патот на својот тим меѓу најдобрите четири клуба на овој шампионат.

Ривал на Бразилците во полуфиналето ќе биде победникот мечот Палмеираш – Челси што ќе се игра вечерва.

 

Се вчитува...