Светот и натаму е во шок по ужасната вест за смртта на Диого Жота. Трагедијата во која загинаа тој и неговиот брат Андре Силва остави огромна празнина во срцата на сите љубители на спортот.
Ливерпул направи гест во спомен на Диого Жота, кој ќе го памети целиот свет. „Црвените“ одлучија да го исплатат целосно договорот на починатиот португалски фудбалер кој беше со важност до 2027 година. Згора на тоа англискиот гигант се реши да го плати школувањето на неговите три деца до полнолетството.
Делегација на Ливерпул вчера пристигна во Португалија за да му оддаде почит на својот играч и пријател. Претходно екипата го повлече дресот со број 20 како трајна почест на неговото наследство.
Жота загина во трагична сообраќајна несреќа во четвртокот наутро, откако со неговиот брат заминал во Сантандер, Шпанија да фати брод со кој ќе оди во Англија и ќе се приклучи на подготовките на Ливерпул. Му било препорачано да не патува со авион, и затоа со автомобил, па со брод требаше да се упати кон Англија. Но, судбината имаше друг план. Откако влегле во Шпанија, Ламбурџинито поради пукната гума излетува од пат, при што возилото веднаш се запалило.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

