Акиле Полонара излезе од болница: Mоите деца не знаат за мојата болест

Италијанскиот репрезентативец, Акиле Полонара, ја води најважната битка во својот живот. Неодамна му беше дијагностицирана миелоидна леукемија. Асот на Виртус беше подложен на интензивна терапија во Шпанија и беше отпуштен од болница по два месеци.

Тој се врати кај своето семејство, иако во изнајмена куќа во Валенсија, каде што е на лекување. На социјалните мрежи се појави видео од приемот што го подготвија неговите деца и никој не остана рамнодушен.

„Откако ја напуштив болницата, сè е подобро, чувствувам дека имам сила. Видеото со децата е создадено сосема спонтано. Ерика ми рече: почекај малку во колата. Потоа одеднаш ме нападнаа со прегратки… Каков момент, по месец и пол. Следното утро, будењето во кревет со нив беше прекрасно. Ја избркаа Ерика од кревет затоа што сакаа да спијат со тато. Дури и не им кажавме дека сум во болница, свекрва ми дојде да ни помогне додека Ерика беше со мене. Тие се уште се мали – Акиле јуниор има три години, а Виторија ќе наполни пет во ноември. Но, таа веќе чувствува дека нешто не е во ред…“ рече Полонара.

Се вчитува...