Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана најмладиот велосипедист во историјата кој четири пати успеал да триумфира на најпрестижната трка во светот „Тур де Франс“.
Возачот на тимот „Емирати“, до четвртиот триумф стигна со разлика од четири минути и 24 секунди пред второпласираниот, Данецот Јонас Вињегорд од тимот „Висма“.
Германецот Флоријан Липовиќ од тимот „Ред Бул-Бора-Хансгрое“ го зазема третото место, со заостанување од 11 минути и девет секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

