Лос Анџелес Лејкерс го ангажираат Џереми Холсопл за нов главен кондициски тренер, откриваат американските медиуми. Со овој ангажман Дончиќ добива добро познато лице во Калифорнија бидејќи овие двајца успешно соработуваа во Далас Маверикс.
Холсопл важи за еден од најдобрите концидиски тренери добивајќи и награда од НБА лигата во март 2021 година додека ја вршеше фукнцијата директор за перформанс во франшизата од Тексас.
Тој помина 11 години во Далас од 2013 до 2024 година пред да биде отпуштен од страна на генералниот менаџер Нико Харисон по финалната серија во НБА во 2024 година.
Со оглед на тоа што Дончиќ се наоѓа во „животна форма“ со загубени 14 килограми од крајот на сезоната до сега, улогата на Холсопл во тимот ќе биде клучна за задржување на мотивацијата на словенечката кошаркарска ѕвезда кој неодмна потпиша тригодишен договор со ЛА Лејкерс вреден 165 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

