„Ова е крајот на Митрогол“

Српскиот репрезентативен напаѓач Александар Митровиќ ова лето ја промени средината и премина во редовите на Ал Рајан. Со пристигнувањето на Дарвин Нуњез во Ал Хилал, Србинот го загуби загарнтираното место во составот па се одлучи да замине и Саудиска Арабија ја замени за Катар.

Овој потег наиде на осуда од страна на српските навивачи кои се надеваа дека повторно ќе се врати во Европа со оглед на интересот за неговиот потпис ова лето од страна на повеќе европски гиганти.

На социјалните мрежи одекнаа лавина на коментари осудувајќи го потегот кој не носи и добри вести за српската репрезентаија каде тој е прв избор.

„Со ова покажа дека дека заврши со сериозниот фудбал, а со тоа и со репрезентативната кариера. Со голем почит за се што направи, таа е реалноста. Кариерата му е готова“. „Готово. Ова е крајот на Митрогол“, се дел од коментарите.

Се вчитува...