Лина Ѓорческа во полуфинале на турнирот во Букурешт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на турнирот В75 во Букурешт, откако денеска беше подобра од финската тенисерка Лаура Хиетаранта со 2-0.

Ѓорческа ги доби двата сета со по 6-3, и за 2 часа игра се пласираше во следната рунда.

Македонската тенисерка во полуфиналето ја чека подобрата од дуелот Папамихаил од Грција и Попа од Романија.

Се вчитува...