Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, без сомнение, е една од најголемите спортски икони во историјата. Спортист во вистинска смисла на зборот, легенда, харизма и скромност, но пред се врвен професионализам како пример засекогаш за сите идни генерации спортисти!
Интересно, деновиве на социјалните мрежи повторно се споделува фотографијата од собата на Федерер од 1998 година, во неговиот дом во Базел, кога легендата на светскиот тенис имал само 17 години.
А, собата украсена со постери на легендарните Мајкл Џордан и Шекил О’Нил, но и Памела Андерсон, и знаме на Македонија кое е дел од декорацијата на неговиот простор.

Знамето е подарок од поранешниот македонски тенисер Лазар Магдинчев по неговиот натпревар со Федерер. Магдинчев и Федерер во 1998 година се сретнаа на Европско јуниорско првенство во Швајцарија, во меч во кој Швајцарецот победи со 6-2 и 6-2. Но, за спомен од тој натпревар, Федерер го доби македонското знаме кое ја красеше неговата соба.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

