Охрид има пеколен распоред на стартот од сезонава, но откако во првото коло ремизираа во „Автокоманда“ против Алкалоид, и тоа со примен гол во последнат секунда, охриѓани полни со самодоверба повторно патуваат за Скопје, овојпат на дерби-дуел со Вардар.
„Црвено-црните“ на хартија важат за фаворити на утрешниот меч, но охриѓани јасно ставија до знаење дека без страв и преголем респект ќе влезат во овој меч што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“.
„Свесни сме сите дека не чека еден голем предизвик, тоа е екипата на Вардар кои се фаворити на натпреварот, посебно што играат во Скопје. Сепак, одиме без страв да ги покажеме нашите квалитети и веруваме дека можеме да му пружиме достоен отпор на Вардар. Стартот ни е добар, со 3 освоени бода во првите две кола, уште подобар би бил ако имавме четири бода. Сакаме до европските натпревари да собереме што повеќе бодови, а со самото тоа и да ја подигнеме самодовербата на самата екипа. Имаме големи амбиции за Евроспкиот куп, истакнува тренерот Борис Ројевиќ.
Голманот Бојан Блажевски смета дека одбраната ќе биде решавачки фактор во битката за бодовите на утрешниот дуел во Скопје.
„Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар сите ја знаеме големината на Вардар, но ние работиме, анализираме, се подготвуваме. Се надевам на уште еден позитивен резултат. Секогаш одбраната ги добива дерби средбита, така ќе биде и овојпат. Се надевам дека ќе одиграме квалитетна одбрана како што одигравме со Алкалоид“, вели Блажески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

