Европа со водство по првиот ден на Лејвер куп

Тимот на Европа има предност од 3-1 против тимот на Светот по првиот ден на годинашното издание на Лејвер купот. Европјаните поведоа со 1-0, откако Каспер Руд во првиот меч славеше над Тејлор Фриц со 2-0 (6-4 и 7-6).

На 2-0 зголеми Чехот, Јакуб Меншик кој со 2-1 (6-1, 6-7 и 10-8) славеше над Алекс Микелсен. Фонсека со триумфот над Коболи 2-0 (6-4 и 6-3) намали на 2-1, додека последниот поен првиот ден го донесоа Карлос Алкараз и Јакуб Меншик во двојки кои славеа со 2-0 7-6 и 6-4 против Фриц и Микелсен.

Денеска е вториот ден од борбата меѓу Европа и Светот, а секоја победа носи два поени.

Се вчитува...