Синер лесно против Чилиќ на стартот на турнирот во Пекинг

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Јаник Синер лесно излезе против Марин Чилиќ на стартот од турнирот во Пекинг.

Сопственикот на четири гранд-слем титули го совлада Хрватот со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-2 во главниот град на Кина.

Двата сета изгледаа многу слично еден на друг. Во првиот резултатот беше израмнет на 2-2. Тогаш Италијанецот врза четири гема и го доби првиот дел од играта со 6-2.

Во продолжение уште пократок беше отпорот на Хрватот. По 1-1 Синер освои четири последователни гема и поведе со 5-1. Следен ривал на Синер ќе биде Французинот Атмане.

Се вчитува...