Карлос Алкараз поради повреда ќе се повлече од турнирот во Токио?

Продолжувањето на учеството на Карлос Алкараз на АТП турнирот од серијата 500 во Токио е доведено во прашање поради повреда здобиена во првото коло.

Според шпанските медиуми, Алкараз се разбудил со болка во глуждот и решиле со неговиот тим да не тренираат, за да видат дали ќе биде подготвен за дуелот во сабота.

Организаторите го ставија да го игра последниот меч на централниот терен, за да му дадат повеќе време за закрепнување. Повредата се случи во првиот сет од дуелот со Себастијан Баез, а во второто коло, Карлитос треба да се соочи со Белгиецот Зизу Бергс.

Се вчитува...