На најверните навивачи на Кожув, популарните „Фантоми“ не им беше дозволено присуство на денешниот финален натпревар од Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ кој се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје.
На патот кон главниот град „Фантоми“ биле пресретнати од припадниците на Министерството за внатрешни работи кај Велес по што биле вратени назад за Гевеглија на големо незадоволство.
„На уредно пријавено гостување во рамките од Суперкупот на Македонија во близина на Велес нашиот автобус придружуван од неколку коли сме вратени назад за Гевгелија од страна на Мвр без посебена причина..
Се што беше кажано е дека имаат таква наредба…
Ова е срамота за кошарката ова е срам за федерацијата !!“, стои во дел од соопштението на „Фантоми“.
Гевгелиските навивачи воедно побараа и од раководството на својот клуб да не настапи на натпреварот во Скопје, но тој веќе е започнат.
„Воедно упатуваме апел до нашиот миленик
КК Кожув да не истрча на теренот додека не биде сменета одлуката за автобусот да биде пропуштен назад за Скопје!
Мечот без навивачи не смее да започне!
Во спротивно оставете ја срамната титула нека си остане во Скопје!
ЗА КОГО СЕ ИГРА КОШАРКАТА !?!?!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

