Најавеното формирање на ново кошаркарско натпреварување во Европа под покровителство на НБА лигата предизвика бурни реакции во јавноста кои дополнително ќе се „вжештат“ како што се приближува сезоната 2027/28 во која се очекува и официјално да започне НБА Европа.
Со цел да се заштити Евролигата од клубовите-сопственици побара потпишување на нов договор за соработка, а и покрај тоа што повеќето од клубвите ги прифатија новите услови на засега најсилното кошаркарско натпреварување на стартиот континент, три великани се уште не се сигурни дали ќе продолжат да се натпреваруваат во него, откриваат шпанските медиуми.
Реал Мадрид, Барселона и Фенербахче се уште немаат ставено потпис на новиот договор што предизвикува сериозни проблеми за Евролигата.
Покрај тоа некои од останатите клубови имаат барање во договорот да биде вклучена излезна клаузула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

