Макаби подобар од Хапоел во израелското дерби во Евролигата

Кошаркарите на Макаби Тел Авив славеа против градскиот ривал Хапоел Тел Авив во меч кој се играше во Софија со 90-103 како дел од третото коло од новата сезона во Евролигата.

Откако двете екипи одиграа три израмнети четвртини клучната разлика номиналните гости ја направија во последниот период во кој одиграа фуриозно и на крајот стигнаа до победа од 90-103.

Лони Вокер со 20 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Илајџа Брајант постигна 18 поени.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...