Сферопулос е минато за Црвена Звезда, кој ќе го води тимот во Истанбул?

Јанис Сферопулос повеќе не е шеф на стручниот штаб на Црвена Звезда, а за официјална објава се чека само на спогодбата за предвремен раскин што се очекува во текот на денешниот ден.

Грчкиот стратег успеа да ја одведе Црвена Звезда до плејин доигрувањето во Евролигата, но потоа следеше катастрофална завршница на сезоната во која „црвено-белите“ останаа без трофеите во домашното првенство и во АБА-лигата. Сферопулос остана на чело, но му пресуди катастрофалниот старт на новата сезона, во која на двата неуспеха во Евролигата се надоврза шокантниот домашен пораз во АБА од Задар.

Гркот во текот на вчерашниот ден се збогувал од кошаркарите и јасно е дека разделбата е неизбежна, но останува дилемата кој ќе го води тимот на Црвена Звезда на утрешното гостување против Фенербахче.

Апсолутен фаворит за нов тренер е Саша Обрадовиќ, но останува да се види дали српскиот стручњак ќе биде на клупата во Истанбул или таа улога ќе биде препуштена на некој од помошниците, по што Обрадовиќ викендов би го презел кормилото на екипата.

Се вчитува...