Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, зборуваше за својот соиграч Лука Дончиќ, словенечкиот репрезентативец кој пристигна во Лос Анџелес во февруари 2025 година по изненадувачкиот трејд во кој го напушти Далас Маверикс.
Тој истакна дека е во добри односи со Дончиќ и дека многу учи од својот помлад соиграч.
„Тој е смешен, секогаш се шегуваме. Често заборавам дека тој е помлад од мене, тој има 26, а јас 27. Тој е подолго од мене во НБА и ме научи многу. Секогаш сака да разговара со мене и да ми кажува што сака да правам на теренот”, изјави Хачимура за медиумите во Америка.
Допре и теми надвор од паркетот, особено музиката.
„Зборуваме и за забава, случајни работи. Зборуваме за неговата земја, Србија. Знаете, тој сака да слуша српска музика, а јас секогаш се шегувам дека таа музика е лоша. Повеќе сакам да слушам Afrobeat, а тој вели дека е лош“, рече Јапонецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

