Навивач на Лејкерс го тужи Леброн поради измама

Навивач на Лејкерс поднесе тужба против ѕвездата на тимот од Лос Анџелес, тврдејќи дека бил измамен.

Неодамнешната „втора одлука“ на Леброн Џејмс, за која многумина мислеа дека всушност ќе биде најава за крај на кариерата – бидејќи тој веќе го направи тоа еднаш (познатата „одлука“ од 2010 година кога откри дека се префрла во Мајами) – поттикна многумина да побрзаат да купат билети за, како што мислеа, прошталната сезона на еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Така мислел навивачот на Лејкерс, Ендрју Гарсија, кој, како што пренесува „ТМЗ Спорт“ купил билети за мечот меѓу Кливленд и Лејкерс во Охајо, што би бил посебен момент, бидејќи се работи за дуел на клубовите каде „кралот“ ја започна и ја заврши кариерата.

Меѓутоа, кога наведениот фан сфатил дека објавата на Леброн е всушност само дел од рекламна кампања за алкохолен пијалок, тој бил толку разочаран што поднел тужба против Џејмс.

Неговата намера е да поднесе тужба за враќање на речиси 900 долари (поточно 865,66), кои ги платил за билетот, чија цена одеднаш скокнала (во меѓувреме и паднала), штом Леброн објави дека има нешто важно да објави.

Се вчитува...