Добри вести за здравствената состојба на Џоел Ембид

Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид успешно се рехабилитира од тешката повреда на коленото и веќе започна со тренинзи со соиграчите, но се уште не е познато дали ќе биде подготвен за настап на отварањето на новата сезона во НБА.

Ембид последниот натпревар го одигра на 23 февруари против Бруклин по што следеше седум месечна пауза поради оперативен зафат на коленото во месец април.

Најкорисниот кошаркар на НБА во 2023 година во текот на целата кариера се мачи со повреди поради кои засега пропушти 400 од можните 846 натпревари по драфтувањето во 2014 година.

Се вчитува...