ОФИЦИЈАЛНО: И Црвена Звезда, покрај Партизан, си го доби Обрадовиќ за тренер (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда преку социјалните мрежи го официјализираше Саша Обрадовиќ како свој нов тренер, по разделбата со Сферопулос.

„Од денес, нов тренер на нашиот прв тим е официјално Саша Обрадовиќ, поранешен играч на првиот тим и тренер на нашиот клуб“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.

Обрадовиќ голем дел од својата играчка кариера го мина во Црвена Звезда, за која играше три пати (1987-1993, 1994, 1999-2000). Тој ја предводеше Црвена Звезда за време на пандемијата на Ковид во 2020 година, а неговиот претходен клуб беше Монако, со кого за прв пат во историјата влезе во плејофот на Евролигата, а во сезоната 2022/23 стигна и до Фајнал Фор турнирот.

Новиот тренер на црвено-белиот тим е роден во Белград, а по богатата играчка кариера, во која двапати ја освои титулата национален шампион со Црвена Звезда и дури осум медали на најголемите натпреварувања како претставник на нашата земја. Тренерската кариера ја изгради преку клубови како Келн, Киев, Туров, Донецк, Алба, Локомотива Кубањ, Црвена Звезда и Монако. Освои првенства во Германија и Франција, купови во двете земји, како и во Русија. Беше тренер на годината во Еврокупот и учествуваше во Ф4 Евролигата со Монако.

Саша Обрадовиќ ќе го одработи првиот тренинг со тимот веќе во недела. Новото деби пред белградската публика ќе биде во вторник, 14 октомври, против Жалгирис во Белград.

Се вчитува...