Партизан без два кошаркари на гостувања во Шпанија

Партизан во двојното коло од Евролигата го очекуваат гостувања во Шпанија. Првото од нив ќе биде во Мадрид против Реал по што следи дуелот и против Басконија.

А, за овие два натпревари тренерот Жељко Обрадовиќ нема да може да смета на два кошаркари, откриваат медиумите во соседна Србија.

Поради повреда на скочниот зглоб во Белград ќе остане Американецот Шејк Милтон, додека очекувањата се дека поради болест дел од составот нема да биде ниту младиот Финец Мика Муринен.

 

Се вчитува...