Обрадовиќ го одбработе првиот тренинг во Црвена Звезда: Мора да играме без емоција

Саша Обрадовиќ го одработе првиот тренинг по враќањето во Црвена Звезда. Српскиот стратег нема долно време да се адаптира во новата средина бидејќи веќе во вторник го очекува првиот натпревар и тоа против незгодниот Жалгирис.

Обрадовиќ се обрати и пред медиумите велејќи дека неговиот тим треба да има заедништво на теренот.

„Најважно е да бидеме во контакт со играчите. Отсекогаш сум работел на таков начин и имав добар повратен одговор. Имав индивидуални разговори со сите играчи. На теренот е најважно да бидеме поврзани во секој момент. Моделот е натпреварот во Истанбул бидејќи и играчите и клупата беа во одлична комуникација. Играме пред најдобрите навивачи на светот, но сепак треба да играме без емоција. Особено јас, а и играчите мора да бидат концентрирани на играта“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...