Жељко Обрадовиќ во разговор со новинарите изјави дека Шејк Милтон не патува во Шпанија на двојната рунда од Евролигата, а под знак прашалник е и Мика Муринен.
Финскиот кошаркар имаше проблеми со настинка, а стручниот штаб мораше да донесе одлука за неговото заминување на денот на летот.
На крајот Муринен замина со тимот во Шпанија и ќе му биде на располагање на Жељко Обрадовиќ за дуелите против Реал и Басконија.
Шејк Милтон остана во Белград, а поради повреда на скочниот зглоб го очекува пауза меѓу седум и десет дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

