Нов шок за Фенербахче, и Дубаи победнички од Истанбул

Кошаркарите на европскиот првак Фенербахче, го претрпе вториот пораз по ред на домашен терен, откако вечерва во 4. коло од Евролигата беа поразени од Дубаи со 69:93. Претходно Фенер беше поразен и од Црвена Звезда на свој паркер, а претрпе пораз и од Жалгирис во Каунас.

Фенербахче одигра очаен натпревар, по кој уште во првиот дел имаше негатива од 15 разлика, а потоа на крајот од третиот период и од 23 разлика. Европскиот првак немаше решение за Кабенгеле кој постигна 26 поени, додека Бејкон имаше 21. Кај Фенербахче со 12 поени најефикасни беа Болдвин и Колсон.

Во првиот меч одигран вечерва, Барселона како гостин со 92-71 ја совлада екипата на Макаби Тел Авив.

Се вчитува...