Кошарките на Реал Мадрид славеа на домашен терен против Партизна со 93-86. во најинтересниот натпревар од вечерашната понуда од 4. коло во Евролигата. „Кралевите“ доминираа три четвртини и се изгледаше дека ќе стигнат до убедлив триумф бидејќи во еден момент имаа и плус 21, но белграѓани одиграа одлично во последниот период и успеаја на две минути до крајот да стигнат до негатива од само четири поени 84-80.
Избраниците на Серџо Скариоло на крај успеаја некако да ја задржат предноста и да стигнат до конечен триумф од 93-86. Еди Таварес со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 23 поени на Џабари Паркер.
Во останатите мечеви од вечерашната понуда во елитното натпреварување Панатинаикос беше сигурен против АСВЕЛ на домашен терен 91-85. До домашна победа стигна и Виртус Болоња против Монако 77-73, додека Хапоел Тел Авив славеше на гостувањето кај Валенсија со 93-100.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

