Кошаркарскиот клуб Пелистер во понеделник ќе ги пушти во продажба билетите за претстојниот домашен меч од ФИБА Европа купот против Превидза од Словачка, историски прв домашен европски меч на КК Пелистер во нашата сала „Боро Чурлевски“, закажан за 22 октомври со почеток во 19 часот.
Цената на билетите за оваа европска битолска премиера изнесува 200 денари.
Влезниците за овој дуел ќе бидат пуштени во продажба во „ЗИКС“ во понеделник точно на пладне, додека на денот на натпреварот билети ќе можат да се купат и на билетарата од салата „Боро Чурлевски“.
„Потребна е поддршка, дојдете и навивајте за Пелистер, за на крајот сите заедно да се радуваме“, порачуваат од Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

