Францускиот кошаркар Матијас Лесор ќе се врати на теренот во ноември, изјави тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман.
„Очекуваме да се врати на теренот за три недели“, рече Атаман.
Атаман ги објасни причините зошто Лесор се врати порано од очекуваното, а потоа замина на уште една долга пауза.
„Учеството на Лесор на фајналфорот не беше лоша проценка. Тој беше подготвен по еден месец многу индивидуална работа и тимски тренинг. Сакаше да игра. Но, пропушти четири месеци и падна надвор од ритам“, рече Атаман.
Лесор е член на Панатинаикос од 2023 година. Пред тоа, играше за Црвена Звезда и Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

