Алба повлече нога, а германскиот клуб ќе добие друштво како тим што ја напуштил Евролигата за да стане дел од „семејството“ н ФИБА и да биде дел од Лигата на Шампионите.
Француските медиуми информираат дека Асвел е подготвен да го повлече истиот чекор како и берлинскиот клуб, па раководството на Асвел планира на крајот од сезонава да го напушти елитното европско натпреварување. Францускиот тим со години наназад се нема пласирано во плејофот, a во меѓувреме настојувањето да се создаде што поголем и поконкурентен буџет придонесе управата да се соочи и со се поголеми долгови.
Челниците на клубот со кој раководи Тони Паркер сметаат дека долгот не смее да продолжи да расте, а преселбата во ФИБА Лигата на Шампионите се смета како вистински чекор во вистинско време.
Преговорите за отворање на НБА Европа течат преку ФИБА, па раководството на Асвел се надева дека со ваквиот потег и наклон кон европската куќа на кошарката ќе добие и значаен адут кога ќе почнат да се делат местата во овој нов проект, чиј старт се очекува за најмалку две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

