Олимпија решението за проблемите под обрачите го најде во Валенсија (ФОТО)

Олимпија Милано се соочува со огромни проблеми предизвикани од повреди на кошаркарите кои ги покриваат високите позиции. Чанчар, Нибо, а сега и Ледеј имаат проблеми и нема да бидат дел од тимот во следниот период па експрено беше донесена помош од Шпанија.

Станува збор за Нејт Сестина, кошаркарот висок 206 сантиметри кој ја покрива позицијата високо крило. Тоа доаѓа од редовите на Валенсија и со себе носи богато искуство со оглед на тоа што во минатото настапуваше за Хапоел Халон, Турк Телеком и Фенербахче.

Се вчитува...