Еден од најбараните слободни агенти од НБА, Џаред Батлер, е на мета на Олимпијакос, кој е подготвен да му понуди двегодишен договор вреден 3,3 милиони долари.
Станува збор за плејмејкерот кој минатата сезона забележа солидни бројки во дресот на Филаделфија, а во предсезоната имаше брилијантни натпревари во дресот на Феникс Санс, каде што оствари импресивен учинок од 35 поени во неодамнешната победа против Лос Анџелес Лејкерс.
И покрај овие бројки, Феникс процени дека не му е потребен овој кошаркар, па тој стана еден од најпосакуваните слободни агенти.
За него беа заинтересирани и вечните белградски ривали Црвена Звезда и Партизан, но се чини дека Олимпијакос ќе го обезбеди потписот на 25 годишниот кошаркар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

