Будеслигашот Кил уште еднаш ја демонстрираше својата големина како спортски колектив, укажувајќи му доверба на тренерот Филип Јиха без оглед на слабите резултати во последните сезони.
Чешката ракометна легенда го одведе Кил до титулата во ЛШ во 2020 година, стигна и до трофеи во Бундес-лигата во 2020, 2021 и во 2023 година, но откако Кил остана без позначаен трофеј во последните две години се најавуваше дека Јиха би можел да биде сменет по истекот на договорот, во јуни 2026.
Раководството на клубот сепак има поинаква визија, па реши да ја продолжи соработката со Јиха, со кого денеска беше потпишан нов договор со важност до јуни 2028 годиа.
„Филип работи пренапорно од секој можен аспект за нашиот Кил, тој живее за овој клуб и со својот однос и залагањето е вистинскиот човек за кормилото на екипата. Среќни сме што со оваа одлука донесовме долгорочна стабилност и ќе продолжиме да работиме заедно за доброто на клубот“, изјави менаџинг-директорот на Кил, Виктор Силаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

