Евролигата продолжува со денешниот дуел во Белград меѓу Макаби и Реал Мадрид, а две евролигашки екипи токму денеска објавија дека ги раскинуваат договорите со кошаркари кои требаше да бидат важни алки во нивните редови.
Кратко траеше престојот на Влатко Чанчар во Олимпија Милано, италијанскиот гигант денеска објави дека го раскинува двогодишниот договор со словенечкиот интернационалец. Чанчар се мачеше со повреди, одигра само два меча за Милано, по што неодамна се пожали на нов проблем со коленото, по што управата на клубот реши да ја прекине соработката со него.
Активно е и во Басконија, откако шпанскиот клуб објави дека Лука Шаманиќ повеќе не е дел од оваа екипа. Хрватот имаше значајна минутажа од стартот на сезонава, а во објавата на Басконија е наведено дека разделбата е поради лични причини на самиот Шаманиќ.
Басконија во претстојното коло од Евролигата ќе гостува на Црвена Звезда, додека Олимпија Милано ќе ја пречека екипата на Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

