Пелистер стигна до првата европска победа во клупската историја откако битолчани во премиерниот меч на домашен терен го декласираа словачкиот претставник Приевидза со резултат 90-83. „Пелистерци“ одиграа импресивно второ полувреме во кое целосно го го издоминираа противникот и си го трасираа патот до победата, најавувајќи дека се решени да се борат за пласман во следната фаза од ФИБА Европа купот.
По мечот тренерот на битолчани Боро Даскаловски ги сподели своите впечатоци.
„За тоа како го доживеав мечот, ќе треба да ви дадам ЕКГ запис, за да видите како работеше моето срце и колкав ми беше пулсот. Одработивме одличен скаутинг на ривалот, но повторно ни се провлекуваат некои наивни грешки кои не смееме да ги правиме. Противникот е добар тим, со квалитетни странци кои знаат да вршат притисок резултатски во почетокот на мечот. Ја задржавме нивната мисија, не дозволивме да се одлепат, а во второто полувреме успеавме да создадеме предност и да држиме контрола на мечот. Овој меч и оваа победа многу ни значи, не само нам, туку и на навивачите и на цела Битола“, изјави тренерот на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

