Партизан најде нов центар, и тоа во Реал Мадрид

Партизан го мина целото лето барајќи нов центар, оваа позиција стана уште подефицитарна по заминувањата на Дејвис и Копривица, а последните информации говорат дека белградските „црно-бели“ конечно нашле играч кој ќе им помогне во борбата под обрачите.

Српски „Курир“ пренесува дека новото засилување на Партизан ќе пристигне од Реал Мадрид, Бруно Фернандо веќе ги договорил личните услови и до крајот на оваа седмица треба и официјално да му се стави на располагање на тренерот Обрадовиќ. За Фернандо ова е втора сезона во дресот на Реал, но тој добиваше минимална минутажа кај новиот тренер Скариоло, кој реши и воопшто да не го вклучи во тимот за вчерашниот дуел со Макаби.

На Фернандо му е кажано да си бара нов клуб, по што неговиот агент експресно ги договорил условите за соработка со Партизан. Овој репрезентативец на Ангола во 2019 беше избран како 34. пик на НБА-драфтот, одигра 220 средби во најсилната лига во светот како член на Атланта, Бостон, Хјустон и Торонто, за од минатото лето да се пресели во Европа.

Се вчитува...