Виртус Болоња во фантастичен меч успеа да го земе скалпот на Панатинаикос, декласирајќи го грчкиот гигант со убедливи 92-75. Италијанскиот тим одигра одлично прво полувреме што го доби со 48-35, потоа контролирајќи го резултатот до самиот крај. Нан одигра катастрофални први три четвртини, најдобриот кошаркар на ПАО потоа се разбуди во последниот период, но беше предоцна за да се избегне пораз.
Карсен Едвардс ги предводеше стрелците со 22 поени, Смајлагиќ постигна 14 за победничкиот тим, додека Ти-Џеј Шортс и неговите 15 поени беа недоволни за да се избегне убедлив пораз на овој натпревар.
Турското дерби меѓу Ефес и Фенербахче заврши со триумф на актуелниот европски шампион од 69-79. Ефес почна одлично и имаше двоцифрено водство на стартот, но Фенер успеа да се врати во првото полувреме, а потоа и да го сврти резултатот во своја полза и да стигне до победата.
Цврстата одбрана беше заштитен знак на Фенербахче на овој дуел, најефикасни беа Хол и Вилбекин со по 12 поени, додека кај Ефес најпрецизни беа Вајлер Баб со 17 и Ларкин со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

