Српската ѕвезда „грее“ клупа во НБА, тренерот со еден збор одговори зошто

Српската кошаркарска ѕвезда Богдан Богдановиќ не доби шанса ниту на вториот натпревар од новата сезона. Асот на ЛА Клиперс повторно „грееше“ клупа на средбата против Феникс па американските медиуми го поставија прашањето зошто е тоа така.

А, тренерот Тајрон Лу имаше само краток одговор со еден збор кој постави уште поголемо прашање што се случува во соблекувалната на тимот од Лос Анџелес.

„Комуникација“, беше краткиот одговор на Лу.

По пет години поминати во Аталнта, Србинот се пресели во ЛА Клиперс во месец февруари оваа година, а и покрај тоа што се очекува да биде еден од клучните кошаркари во составот, со оглед на недоразбирањата со тренерот постои веројатност тој и да замине од тимот.

Се вчитува...