Баерн ја продлабочи кризата на Реал Мадрид, Шортс солиден во триумфот на Панатинаикос

Баерн Минхен му го нанесе третиот пораз на Реал Мадрид во низа во Евролигата, откако вечерва на домашен терен го совлада со 90-84. Во меч со многу осцилации и менување на водствата, во еден период „кралевите“ имаа предност од 11 поени разлика, но на крајот ја прокоцкаа. Клучен беше финишот на третата, и целата четврта четвртина кога германската екипа успеа да го направи пресвртот.

Од -11, Баерн на крајот стигна во еден миг до +11 (89-78), па на крајот можеше да си дозволи и опуштање, знаејќи дека разликата е недостижна.

Мајк го предводеше Баерн со 29 поени, додека кај Реал најефикасен беше неговиот сонародник Лајлс со 20 поени.

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше солиден, и постигна 13 поени во победата на Панатинаикос над Макаби од 99-85. Гостите од Израел парираа само едно полувреме, а потоа во третиот период Панатинаикос ја навести победата, за да ја оствари во последната четвртина.

Нан и Осман беа незапирливи кај победничкиот тим со 22, односно со 20 поени.

Се вчитува...