МОМЕНТ НА 2025 ГОДИНА: Галевски ги полуде Грците сред Атина!

Алкалоид се закити со првата европска титула во клупската историја, но тоа немаше да се случи доколку Иван Галевски немаше свое шоу на голот на македонскиот клуб.

Младиот голман бранеше одлично, фати дури пет пенали во низа, но засекогаш ќе остане запаметена прославата кога се сврте пред трибината каде беа највжештените фанови на АЕК и почна да слави пред нив, по што зовреа страстите на трибините, а мечот кратко време беше и во прекин.

Моментот уловен на лице место од фоторепортерот Филип Вирановски, без сомнеж спортска фотографија на 2025 година.

„На одмор летово нема да одам во Грција, туку нешто подалеку“, одговори во свој стил Галевски по мечот.

Галевски и петте одбранети пенали, но пред се – прославата сред Атина со која Македонецот ги полуде Грците – е спортскиот момент на 2025 година.

Се вчитува...