Еск-ракометарот на Пелистер го откажа настапот на ЕП 2026

Словенија денеска ги почнува подготовките за ЕП 2026, а селекторот Урош Зорман се соочи со нов голем проблем откако Нејт Цехте го откажа настапот на ова големо натпреварување.

Десниот бек кој го носеше дресот на Е. Пелистер, а пред неколку месеци се пресели во Фухсе Берлин. Тој побарал приоритет во овој период да му биде семејството, кое нема да се сели со него во Германија, барање што било прифатено од стручниот штаб и од федерацијата.

Ова е последен во низата проблеми за Зорман ако се знае дека претходно откажаа и Благотиншек и Мачковшек, а поради повреди во составот ќе ги нема ниту Зарабец, Грошљ, Кљун, Јанес и Малус.

Словенците ќе го почнат настапот на ЕП 2026 на 16 јануари во Осло, каде противници на оваа селекција ќе бидат Црна Гора, Швајцарија и Фарските Острови.

Се вчитува...