Ракометарите на домаќинот Данска ја обезбедија првата позиција во својата група во главната фаза на Европското првенство откако вечерва славеа во скандинавското дерби против Норвешка со убедливи 38-24.
Норвежаните пружија отпор во првиот дел по кој имаа негатива од само три гола 19-16, но во вториот се запали данската машинерија која до крајот стигна до убедлив триумф од 38-24. Jaкобсен и Гидсел со по седум гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Грендал и Педерсен постигнаа по шест.
До убедлив триумф стигна и Шведска против Швајцарија 34-21 во натпревар кој немаше никакво резултатско значење.
Полуфиналните двојки на ЕП се: Данска – Исланд и Хрватска – Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

