Хрватка по голема борба загуби од Германија со 31-28 во првото полуфинале од ЕП 2026, но „коцкестите“ заслужуваат само пофалби за сето она што го прикажаа на овој шампионат.
Најдобриот хрватски ракометар Иван Мартиновиќ повреден го одигра и овој меч, почна фуриозно, но немаше сили да продолжи во ист ритам. Тој не го криеше разочарувањето од поразот, што се должеше пред се на гоелмиот пад во раната фаза од второто полувреме кога негативата стигна до седум гола, разлика што се покажа недостижжна во финишот.
„Првото полувреме го почнавмe многу добро, но ни недостигаше брзина при враќањето во одбрана. Во второто почнавме многу лошо, не можевме да постигнеме гол. Ни недостигаше се, немавме одговор. Загубивме, но јас сум горд на момците, дадовме се од себе, оставивме срце за Хрватска. Знам дека секој од нас е „мртов“ и емотивно испразнет, но турнирот уште не е завршен. Мораме да го заборавиме овој пораз, да се регенерираме и да се обидеме да ја освоиме бронзата“, истакна Мартиновиќ по вечерашниот пораз во Хернинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

